Во сабота во Скопје ќе се одигра мечот на неделата во Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Веспрем. Вардарци ќе се обидат и втор пат сезонава да го совладаат големиот противник и да бидат многу блиску до освојување на второто место во групата. Во Скопје ќе ги видиме Арпад Штербик и Давид Дејвис, кои ќе бидат на спротивната страна. Поранешнот помошен тренер на Вардар очекува добар меч, истакнувајќи дека Вардар ќе има голема поддршка од своите навивачи.
Очекувам навистина квалитетен натпревар. Имам многу добри спомени од Скопје и со нетрпение го очекувам мечот на кој атмосферата ќе биде пеколна, исто како на мечевите на Веспрем кои ги играме пред домашната публика. Навивачите во Скопје го сакаат ракометот и многу му помагаат на Вардар. Мојата екипа е мотивирана да оствари добар резултат и се надевам дека ќе гледаме добар ракомет. Ќе биде многу тешко, но истовремено и убаво да се вратам во Скопје.
Натпреварот во сабота се игра со почеток од 17:30 часот, билетите се веќе распродадени за овој дуел, а од денес клубот пушти дополнителни карти за стоење.