Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Младите Џемаил Ибиши и Бојан Димоски ставија потпис на професионален договор со тимот на ФК Вардар
Младите Џемаил Ибиши и Бојан Димоски ставија потпис на професионален договор со тимот на ФК Вардар

Младите Џемаил Ибиши и Бојан Димоски ставија потпис на професионален договор со тимот на ФК Вардар

Двајца млади играчи денес ставија потпис на професионален договор со екипата на ФК Вардар. Се работи за Џемаил Ибиши и Бојан Димовски кои потпишаа договори во трајност од три години. И двајцата играчи беа дел од зимските подготовки во Аланија, а тренерот Васоски e задоволен од нивните игри и залагање, кои ги награди со професионални договори.

Џемаил Ибиши дојде од екипата на Металург и тоа минатата сезона. Забележа речиси настапи за сите младински екипи на Вардар, а во есенскиот дел од сезоната настапуваше за младинците на Вардар, а исто така имаше запишано настапи за Вардар и во ПМФЛ. Ибиши беше и најдобар стрелец со 15 постигнати голови за младинскиот состав на Вардар, во првиот дел од натпреварувачката сезона.

Среќен сум што потпишав професионален договор со Вардар и што сум дел од овој тим. Не верував дека ова ќе се случи, но со напорна работа се е можно. Сега останува само напорно да тренирам и да се наметнам кај стручниот штаб. Верувам дека во пролетниот дел ќе ја освоиме титулата и ќе завршиме во првото место“, вели Ибиши кој што има право за настап и за младинците и за кадетите на Вардар, а веќе три години е дел од нашиот тим, истакна напаѓачот Ибиши.

Играчот од средината, Бојан Димоски дојде во Вардар од екипата на Тетекс, а има настапувано и за екипата на Пролетер. На подготовките во Аланија добиваше голема доверба и минутажа од тренерот Васоски.

-Ми се исполни сонот да бидам дел од сениорскиот тим на Вардар. Тоа ми желба уште кога дојдов пред две години тука од тимот на Тетекс. Добро работевме на подготовките во Турција, и се надевам дека ќе ја оправдам довербата кај стручниот штаб и дека ќе добивам шанса да настапувам. Се разбира дека целта во пролетниот дел е освојување на првото место“, рече Димоски по потписот на договорот.