Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Скубе и Парондо: Миклер беше клучен за пресвртот, жално е што сме поразени
Скубе и Парондо: Миклер беше клучен за пресвртот, жално е што сме поразени

Скубе и Парондо: Миклер беше клучен за пресвртот, жално е што сме поразени

 Црвено-црните по вторпат сезонава е поразен на домашен терен во лигата на шампионите. Одамна го имаме осигурано местото во осминафиналето на ЛШ, а сега е потребно да бидеме што е можно повисоко на табелата за да имаме „полесен” пат во следната фаза. Веспрем победи со 29-27, и се реваншираше за поразот што го доживеа од Вардар лани есента во Унгарија.

Роберто Парондо – тренер на Вардар

Веспрем одигра одличен натпревар. Ја посакувавме победата, но не успеавме. Одигравме добро прво полувреме, ја загубивме предноста во вториот дел и тие во финишот беа подобри. Миклер беше одличен на крајот, се обидовме да се подобриме, но промашивме многу удари. Бевме уморни, се обидовме да парираме, но тие имаа повеќе свежина кога требаше”.

Сташ Скубе – играч на Вардар

Видовме две различни полувремиња. Ние доминиравме во првиот дел, а во вториот дел Миклер беше одличен. Друга работа е што имаме многу проблеми, имаме и малку бекови, не би сакал со тоа да ја намалам победата на Веспрем, но треба да се концентрираме на последните два меча. Можеме да бидеме во тој случај сигурно трети а може и повеќе. Не е трагично да се загуби од Веспрем, но боли начинот на кој загубивме”