Поранешниот репрезентативец на Македонската фудбалска репрезентација, Игор Кралевски е прекомандуван во една повозрасна категорија на Фк Вардар. Да напоменеме дека со генерација “ 2007“ на убедлив начин го освои силниот меѓународен турнир во Битола. Без ниту еден пораз и со само еден примен гол го освои првото место на споменатиот турнир. Сега за него следи малку поголем предизвик во неговата тренерска кариера. Од неодамна е назначен како главен предводник на Вардаровата генерација, фудбалери родени “2006“ година. Слободното време ќе го искористува за помош на тренинзите, на неговата претходна генерација “2007-2008“.
Кралевски има единаесет години професионално играно во младинските категории на Вардар, во периодот кога има седум години започнува да тренира во најтрофејниот Македонски клуб. Тука останува се до својата 18-та година. Понатаму својата играчка кариера ја продолжува во Работнички. Своето најголемо достигнување го има во периодот кога четири години настапува за Хајдук од Сплит. Негова следна дестинација во интернационалната кариера е Русија. Исто така има настапувано и за неколку екипи во првата Македонска фудбалска лига.
Кралевски посветува максимално внимание на овие млади момчиња и со своето искуство кое го има, само им го пренесува на овие млади надежи кои во иднина треба да прераснуваат во големи професионалци.