Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Комити: Шлаканицата од Веспрем ќе ја преболиме лесно со победа над Кристијанштад и Монпелје
Комити: Шлаканицата од Веспрем ќе ја преболиме лесно со победа над Кристијанштад и Монпелје

Комити: Шлаканицата од Веспрем ќе ја преболиме лесно со победа над Кристијанштад и Монпелје

Со поразот од Весрем, екипата на Вардар ја загуби втората позиција на табелата, но останува во игра за ова место. Веќе утре не очекува нов натпревар во групата А, гостувањето кај екипата на Кристијанштад. На својата официјална страна Комити го напишаа следново:

Ранети сме…
Силна шлаканица беше домашниот пораз од Веспрем…Боли но е површна, не отрезни, ќе ја преболиме лесно со победа над Кристијанштад и Монпелје…
Технички сме нокаутирани од слугите на балистичките милитанти, кои повторно нечесно ја извршија валканата работа за анти Македонската вештачка творевина од Тетово дојде полесно до тронот, без борба, и на наша сметка…Боли, но болката ќе помине со една серија победи кои и покрај се ќе ни дозволат да се надеваме дека можеме, нека започне уште овој викенд, на местото на злосторството, во Тетово, нека продолжи следниот викенд во Маџари…
Третата рана е толку голема, рана неизлечива…
‘ИЗБОДЕНИ ОД ТРНЛИВА РОЗА, ИЗГРЕБАНИ ОД ЛАВОВСКА ШЕПА’, истовремено и синхронизирано, од една страна отворено, од друга страна задскриено…Повреди зададени од зад грб, ненадејно, за да не кутнат на земја и да не докрајчат, за да не нема, да не постоиме, затоа што и нашето постоење е закана! Закана затоа што нашата идеа е вечна и ќе преовлада…
А раните се уште посмртоносни затоа што се дојдени од “своите”, а истовремено и слуги на душманот, кои слепо ги извршуваат наредбите за нашето обезличување, без ниту на момент да го слушнат страданието кое се предизвикува со тој чин…
Ранети сме но раната не прави посилни а не послаби, како ранети лавови кои ранети се борат уште посилно и никогаш не се откажуваат!
Црвено Црни јунаци, Подарите ни барем малку мир и утеха, подарете им малку радост на овие души толку повредени, души која плачат погласно од завивањето на глутница гладни волци, рикаат посилно од сите ранети лавови и лавици!
Ве повикуваме вас ранети браќа Комити, кои ги чувствувате овие болки, да дојдете следниот викенд на ракомет и фудбал, преку Монпелие и Македонија Ѓ.П., заедно со Вардар да се охрабриме и поткрепиме еден со друг, затоа што како што радоста се зголемува така и болката се намалува споделена со оние кои ни значат.
Дојдете на нашата трибина да грмиме јако како некогаш!
Дојдете во голем број за тагата и болката да ги претвориме во љубов и надеж!
Дојдете за на ждалеку да се слушнат нашите песни за ВАРДАР и МАКЕДОНИЈА! Дојдете во нашиот дом!
#ЦрвеноЦрнаАрмија #Мобилизација

Црвено-Црн викенд!
Сабота, 02.03 во 17:30ч. РК ВАРДАР – Монпелје
Недела, 03.03 во 14:00ч. ФК ВАРДАР – Македонија Ѓ.П.