Поразот од Шкендија, кој беше прв неуспех во првенството е само минато за пионерите на Фк Вардар. Во рамките на 1/8 од купот на Македонија високо ги поразија своите врсници од Струмица, остварувајќи победа од 0:6 против тимот на Академија Пандев и се пласираа во четврт-финалната рунда. Марко Ѓоргиевски и Јакуп Бериша постигнаа по два голови, еднаш во листата на стрелци се запишаа Милан Благојевиќ и Кристијан Ристовски.
Се е полесно кога во тимот се наоѓаат капитенот Рамиќ кој се врати на теренот и најдобриот стрелец Марко Ѓоргиевски кој беше на проба во Гронингем. Со нив во екипата е многу полесно, па противникот немаше што да бара на овој дуел. Иако играа на домашен терен и се очекуваше да пружат поголем отпор,тоа не се случи, па конечниот резултат беше вистинскиот одраз на она што се случуваше на теренот. Уште по првото полувреме беше најавена победата на црвен0-црните, кои имаа висока предност од 0:3. Во првиот дел погодија Ристовски, Бериша и Ѓоргиевски. На сите погодоци претходеа успешни проигрувања и акции на нашите фудбалери, а напаѓачите успешно ги претвараа во голови.
Во второто полувреме, продолжи доминацијата на нашиот состав кој ниту во еден момент не се откажа од својата игра. Иако се очекуваше рутински да го одиграат вториот дел, избраниците на Сашо Тодоровски до врв ја наполнија мрежата на Струмичани. Марко Ѓоргиевски покажа дека повторно е “гладен“ за голови и тоа го покажа на овој меч, запишувајќи се два пати во листата на стрелци. Вториот најдобар стрелец Бериша, го следеше во чекор неговиот соиграч и заедно го наполнија противникот. Прв деби гол во новата сезона и за Милан Благојевиќ кој ги постави конечните 0:6 на 1/8 натпревар во купот. Со оваа победа, оваа генерација се пласираше во 1/4 рунда на националниот куп, каде ќе го очекува следниот противник.