Вардарци стигнаа до 13.триумф сезонава во СЕХА-лигата, совладувајќи го во дербито на тимот на Загреб. На овој меч настапивме без Скубе, Борозан и Шишкарев, но сепак на крајот славевме со резултат 28:26. Најдобар стрелец кај Вардар беше Дисингер кој постигна 7 голови, додека повторно одличен на голот беше Гедбан кој за 35 минути на теренот имаше 10 одбрани.
Погледнете ги најинтересните моменти од победата на Вардар против Загреб.