Оние кои направија голема грешка и го оштетија Вардар во Тетово, одново ќе му ја делат правдата на нашиот тим. Мечкаровски Димитар е делегиран да го суди неделниот натпревар на кој Вардар ја пречекува екипата на Македонија ЃП.
Помошници на Мечкаровски ќе му бидат Неделкоски Дејан и Петрески Гоце, а четврти судија ќе биде Младеновски Марјан – сите од Скопје.
Овој пат судии зад головите нема да има. Дуелот во недела во Маџари започнува со почеток од 14.00 часот.