Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Вардаровата генер. „2008“ е освојувач на турнирот „Пандев Куп 2019“
(ФОТО) Вардаровата генер. „2008“ е освојувач на турнирот „Пандев Куп 2019“

(ФОТО) Вардаровата генер. „2008“ е освојувач на турнирот „Пандев Куп 2019“

Генерацијата на ФК Вардар родени „2008“ година успеаа да го освојат силниот меѓународен турнир „Пандев Куп 2019“, кој изминативе денови се играше на терените во Струмица. Во големото финале избраниците на Влатко Колев успеаа да ја победат екипата на Талент од Битола.

Вардар го доби големото финале, на кое доминираше во текот на целиот меч и имаше најголем дел од играта. Вардар успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со голот на Лука Трепевски. Вториот погодок на финалето за црвено-црните го постигна Арти Азизи, за триумф и освојување на трофејот на турнирот „Пандев Куп“.

53300105_2277009735672013_4658425669313626112_n

На овој турнир одигравме вкупно шест натпревари, на кои забележавме исто толку победи. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Матео Кесиќ, додека најдобар голман е Лука Грчевски.

53152881_2270814673241619_3625521047199023104_n 53399089_386744468788849_8946415984214802432_n