Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор одигра реми со КЛ-7 во еден темпераментен и тензичен дуел
Вардар Јуниор одигра реми со КЛ-7 во еден темпераментен и тензичен дуел

Вардар Јуниор одигра реми со КЛ-7 во еден темпераментен и тензичен дуел

Попладнево во С.Ц “Јане Сандански“ во Скопје екипата на Вардар Јуниор во младинската лига го пречека тимот на РК КЛ-7 од Струга. Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков  одиграа реми 33-33, во еден темпераментен дуел со над 20сетина изедначувања, многу борба, промашувања и машка игра.

c3

На почетокот дуелот започна со неколку резултатски симетрии беше 1-1, па 2-2 па 4-4. Следеа наши моменти во кои се одлепивме на 8-4 со серија од 4-0. Сепак противникот врати со слична серија, односно со 1-4 и намали на 9-8.  Ние изнајдовме сили да поведеме повторно овој пат со 15-11. Се играше борбен дуел, па ривалот успеа да намали на гол до пред крајот. На 45.секунди до крај противникот можеше да изедначи, имаше пенал на 16-15. Сепак на нашиот гол ефектно ударот го одбрани Петковски. Побаравме минута одмор, но за жал во последниот напад не успеавме да погодиме за плус, два и со 16-15 на семафорот заминавме на пауза.

c4

Во вториот дел се играше буквалоно, гол за гол. Постојано се поведуваше со гол и другиот тим изедначуваше. До 25.минута неверојатни 14. пати имаше резултатска симетрија. Во 55.минута кога се кршеше резултаот на 30-29 видовме помалку нејасна судиска одлука,  иако советуваше свој играч Петрушевски доби 2 минути. Судиската двојка се изгуби пред притисокот поради темпераментниот дуел. Противникот поведе со 30-31, ние се вративме на 31-31 и добивме “честика“ нови 2 .минути, постојано бевме помалку во поле. Противникот го зграби “подарокот“ поведе со 31-33, се беше решено, ама  не и за нас, машка луда и силна игра во последните секуниди донесе 33-33.

c

Кукуловски Дејан беше најефикасен со 11.гола, Ѓорѓиев Игор погоди осум пати, а по четири гола имаа Атанасовски Стефан и Карапалевски Мартин.