Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > И Лихнид 2012 ја виде “црвено-црната машина“, Грујовска најистакната со “9-ка“, ЖРК Вардар со 5/5 во младинската лига
И Лихнид 2012 ја виде “црвено-црната машина“, Грујовска  најистакната со “9-ка“, ЖРК Вардар со 5/5 во младинската лига

И Лихнид 2012 ја виде “црвено-црната машина“, Грујовска најистакната со “9-ка“, ЖРК Вардар со 5/5 во младинската лига

Вардарки денес во “Јане Санданаски“ во петиот дуел од младинската лига дојдоа до петтата победа. На нас ни гостуваше тимот на Лихнид 2012 од Охрид. Истите парираа во првите дваесетина минути кога беа на минус три, се потоа е типична вардарова приказна од младинската лига. Девојките на Симовски и Царчев, покажаа дека се неколку нивоа над ривалот и победија со 26 гола повеќе, 39-13.

n

Дуелот започна со добра игра во одбраната и  одбрана на Илиќ, сето тоа беше крунисано со три гола во нападот. Рано поведовме со 3-0 во 4.минута со двата гола на Ангела Костовиќ и еден на капитенот Диневска Бојана.  Следеше период на рамноправна игра, нашите девојки во овој дуел влегоа доста исцрпени поради вчерашниот пат и дуел во Гевгелија.  Двата тима постигна по осум   гола во противничката мрежа па во 22.минута на семафорот стоеше 11-8. Конечно врзавме три гола во низа, Гроздановска Ангела погоди по одличен продор, а пак Кети Ангеловска од седмерец стрелаше, ова беше нејзиниот 13.гол ова пролет во младинската лига од исто толку шута.  Третиот гол го постигна Мими Петковска по одлично истрчана контра, таа погоди за 14-8, со што првпат отидовме на плус шест. До крајот ние продолживме да доминираме, успеавме да ја надмине кризата. која не мачеше 20сетина минути. Со головите на Седлоска и Ѓорѓиевска на крајот отидовме на одмор со високи девет гола на нашето конто, односно 18-9. Вкупно во последните осум минути имавме серија 7-0, со која покажаа девојките зашто се Вардар, на гостиот од Охрид.

n4

n3

Вториот дел започна со две атрактивни одбрани  и тоа со лева нога на Грујовска, која во првите пет минути не дозволи да биде совладана. Тоа во напад го наградивме со три гола. Новакот во нашите редови од ова зимо, Златица Василева погоди за 21-9 во 35.минута.  Девојките на Симовски и Царчев во вториот дел играа како по ноти, фунционираа во сите сегменти, голман, одбрана  и напад. На средината од вториот дел поведовме со  28-11 со голот на Кети Ангеловска. Потоа црвено-црните едноставно видовме ракометен “танц“ на нашиот тим. Влеговме во страшна серија 8-0, централниот дел од одбраната не дозволуваше комбинации, противниците се обидоа преку крило, но и таму нашите дами беа на ниво, Миновска  и Ангеловска пресекоа неколку паса. Грујовска повторно врза неколку интервенции, во нападот тоа беше наградено од Николиќ, Миновска, Ангеловска и Гроздановска кои немилосрдно ја “решетаа“ мрежата на охриѓанки за 36-11. Во финишот погодиа двата тима по два пати за 38:13, во последниот напад од пенал за конечни 39:13 погоди Седлоска.

n7

Кога сме кај најистакнатите девојки денес, повторно најистакнат е голман. Симона Грујовска имаше девет успешни интервенции (64% одбранети удари 9/14), Илиќ Андреа имаше шест одбрани (42% одбранети удари, 6/14).  Исто така број шест имаа и две ракометарки, Трпевска Ивона и Седлоска Андреа погодија по шест пати, имавме и два играча денес со  пет гола, Кети Ангеловска ( 83% реализиација, 5/6 ) и Мирјана Петковска. Репрезентативката во нашите редови, Николиќ Милица средбата ја заврши со четири погодока.

n5