Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар славеше над Македонија ЃП и се врати на втората позиција на табелата
Вардар славеше над Македонија ЃП и се врати на втората позиција на табелата

Вардар славеше над Македонија ЃП и се врати на втората позиција на табелата

Вардар ја прекина црната серија и конечно славеше на еден натпревар. Попладнево во Маџари, Вардарци беа подобар тим од Македонија Ѓорче Петров и заслужено славеа победа од 3:1 (2:0). Головите за нашиот тим ги постигнаа Најдовски, Ибиши и Фелипе. Со оваа победа, Вардар се врати на втората позиција на табелата.

Вардар по првиот дел имаше комотна предност од 2:0 над Македонија Ѓорче Петров. Се играше 30.минута кога Фелипе нафрли од слободен удар во шеснаесетникот на гостите, Лира со глава му асистираше на Филип Најдовски, на кој не му беше тешко да погоди од неколку метри во голот на гостите. Вториот гол дојде за три минути подоцна откако Аврамовски со супер асистенција му овозможи на Џемал Ибиши да излезе сам пред гостинскиот голман и рутински да погоди за предност од 2:0.

Во вториот дел Македонија Ѓорче Петров тргна во целосна офанзива по намалување на предноста на Вардар. Се играше 63. минута, екс играчот на Вардар, Остоја Стјепановиќ постигна погодок за намалување на негативата и интересни 25.минути. Но, кратко траеше негативата од еден на гостинот. Се играше 74. минута, а Фелипе својата одлична партија денеска ја потврди со својт прв погодок сезонава, исто како и Најдовски, за нова предност од плус два, овој пат 3:1. До крајот на дуелот немаше резултатски промени, па така Вардар успеа да ја прекине црната серија и да слави победа на прволигашки натпревар.

Со оваа победа и со поразот на А. Пандев, Вардар се врати на втората позиција на табелата. Во следното коло Вардар игра со Беласица на гости.