Бразилецот Хуан Фелипе се врати во Вардар, а викендов го постигна и првиот погодок по враќањето. Нашиот играч денеска се пофали на социјалните мрежи со дрес кој лично му го подарил најдобриот играч на нашата земја Горан Пандев, кој заедно со Интер во 2011 година стана шампион на Европа.
„Чест е да се добие подарок од асот на теренот и надвор од него, идол каде и да е, ти благодарам феномену“, гласеше пораката под фотографијата на Фелипе.