Викендов, ЖРК Вардар во петтиот дуел од младинската женска лига дојде до петтата победа. Ни гостуваше тимот на Лихнид 2012 од Охрид, ние во доминантен дуел покажавме дека сме неколку нивоа над ривалот. Девојките на Симовски и Царчев победија со 26 гола повеќе, односно со резултат 39-13.
Поопширен извештај од овој дуел може да најдете на нашиот сајт во текстот->Лихнид 2012 ја виде “црвено-црната машина“, Грујовска најистакната со “9-ка“, ЖРК Вардар... , во продолжение неколку фотографии.