Помладите пионери на ФК Вардар има успешен старт на пролетнот дел од сезоната, откако славеа на домашен терен во дуелот со екипата на Шкупи. Гостите од Чаир одиграа груб натпревар, добија и црвен картон, а сигурно дека заслужија уште најмалку два. Вардар ги искористи своите шанси и со головите на Стојановски и Лозановски успеавме да ги освоиме бодовите. Одбраната функционираше на највисоко ниво, немаше многу опасности по голот на Стојковски. Своите впечатоци од овој меч на 15.коло ги сподели стоперот на Вардар, Филип Ѓорѓиевски кој по две години поминати во Академијата на ФФМ, се врати во црвено-црниот дрес.
-Одигравме тежок натпревар со голем број фаули и прекини ,но ја игравме онаа игра што ја побара тренерот Деспотовски од нас. Сигурно дека кога играш со противник како Шкупи нема фудбалска „убавина“, целта на ваквите екипи во дуелите со Вардар е по секоја цена да освојат бод, но ние покажавме силен карактер и по сите случувањата на теренот успеавме да победиме. На овој натпревар влеговме со голема мотивација и желба за надигрување ,овие три бода беа многу значајни за нас за зацврстување на првата позиција во лигата. Се надевам, односно сигурен сум дека ке го задржиме првото место на табелата и до крајот на сезоната.
Ѓорѓиевски успешно го замени неговиот соиграч, Ѓорѓоски на стоперската позиција, кој не настапи на овој дуел поради картони. Во следното коло, црвено-црните гостуваат кај Брегалница, додека во 17 коло на домашен терен го пречекуваат најголемиот конкурент за титулата, тоа е екипата на Победа од Прилеп.
-Нашиот тренер одлучува за минутажата на секој играч во тимот исто така и за мене, ако смета дека треба да имам поголема минутажа, тоа така и ќе биде. Шкупи помина, сега се фокусираме на следниот натпревар, а тоа е гостувањето кај екипата на Брегалница, со желба да ги освоиме и тие три бода. Засега сме фокусирани на мечот со Брегалница а за дербито со Победа ке видиме понатаму.
Звонко Ивановски