Дејан Милосављев ја има својата дебитантска сезона во Лигата на Шампионите и тоа токму во дресот на Вардар. Многу беа скептици дека популарниот „банда“ ќе биде соодветна замена за големиот Штербик, кој замина во екипата на Веспрем, но Милосављев за кратко време ги освои симпатиите на вардаровите навивачи. Речиси секој меч на голот на Вардар забележува двоцифрен број на одбранети удари, а на последниот натпревар против Монпелје собра 15 одбрани.
Специјализираниот ракометен портал „Хендбол-планет“ го одбра најдобриот тим на дебитантите за оваа сезона во Лигата на Шампионите, а за најдобар голман е избран токму Дејан Милосављев. Како изгледа идеалниот тим на дебитантите во најголемото натпреварување.
Голман: Дејан Милосављев ( Вардар)
Лево крило: Давид Мандиќ ( ППД Загреб)
Лев Бек: Нико Ронберг ( Кокс)
Среден бек: Марк Кањелас ( Кристијанштад)
Среден бек: Амине Банур ( Динамо Букурешт)
Десно крило: Сигвалд Бјорн Гудјонсон ( Елверум)
Пикер: Јоханес Гола ( Фленсбург)
Тимур Дибиров кој важи за најдобар стрелец на Вардар во Лигата на Шампионите ја игра својата шестта сезона во редовите на Вардар. Тој се најде во најдобриот тим на најискусните во ЛШ, а тука се уште и Кирил Лазаров (Нант), Тјери Омејер ( ПСЖ), Раул Ентрериос ( Барселона), Андре Шмид ( Рајн-Некар), Ласе Сван Хансен ( Фленсбург) и Бјарте Мирхол (Скјерн).