Вардар оваа сезона има фантастичен десен бек кој игра одлично и во нападот и во одбраната. Секако, се работи за одличниот Даинис Кристопанс кој во овој момент е прв стрелец на Вардар во Лигата на шампионите и ја игра најдобрата сезона во „црвено – црниот” дрес.
Токму овој денешен Кристопанс му недостастуваше на Вардар минатата сезона.. сега кога веќе го има во својте редови во полна форма, Парондо само може да ужива и да се надева дека формата на летонецот ќе продолжи и во најважниот дел од сезоната, кој допрва доаѓа за тимот на Вардар.
Дека Кристопанс „пука” од сите страни во овој момент покажуваат и бројките. Минатата сезона десниот бек застана на бројка од 54, а во овој момент веќе е на 61 постигнат гол.