Вечерва во салата при СОУ “Перо Наков“ во Град Куманово, истоимената женска младинска екипа во дербито на колото го пречека тимот на ЖРК Вардар. Тимот на Симовски и Царчев на овој дуел забележа минимален пораз, кој е резултат на низа околности. Сепак апсолутно ништо не менува поразот со 30-29, ние одиме на круна без разлика на овој пораз во игра сме и понатака.
Првиот дел со гол го отвори Мирјана Петковска, ние успеавме први да оствариме водство со два гола поведувајќи со 1-3. Противникот имаше свои минути, па ја презема играта во свои раце, успевајќи да направи пресврт и со серија 6-1 да поведе со 7-4. Од тука па се до крајот на првиот дел, се играше гол за гол. Двата тима играа пркосно и јако. Мора да ја напомене прегрубата игра домаќинот која цел меч беше на раб на корекност. Домаќинките отидоа на одмор со резултат 17-13.
Вториот дел започна со два наши гола за намалување на 17-15. Покрај прегрубата игра на домашниот состав, денес голема отежниетелна околност беше и судиската двојка Јашар Лејла и Михаела Каспарова кои имаа повторно комични одлуки, се разбира на наше незадоволство. Домаќинот се врати на предноста од полувремето односно на четири гола, кога поведе со 27-23. До крајот остануваше малце време, сепак црвено-црните девојки се издигнаа од безната. Успеаа до пред финишот да се вратат во игра со серија 2-6 на 29-29. Имавме и пенал за водство, сепак Ангеловска неуспеа да погоди. Несмее да и се замери бидејќи во целиот меч “хирушки прецизно“ стрелаше од оваа позиција дури осум пати од осум прилики. Противникот успеа да победи со 30-29 на оваа средба.
Како што кажавме Ангеловска Кети имаше осум гола, Мирјана Петковска и Ивона Трпевска погодија по пет пати. Голманот Илиќ Андреа имаше 10 одбрани. Секако титулата во оваа лига ќе се одлучува на мечот во кој ние ќе играме против кипата на ЖРК Металург. На таа средба нас ни треба победа со што ќе ја завериме круната.