Денес на терените на ФФМ , ФК Вардар генерација родени 2009 и помали одиграа натпревари од детската лига. Момците на Илија Колевски дојдоа до две победи во денешните соочувања со Њу Старс.
Вардар (2) со совлада тимот на Њу Старс 2 во еден темпераментен дуел со многу шанси на црвено-црните со минимални, но доволни 1-0 кои ги имавме уште на паузата помеѓу двете полувремиња. Промашивме серија шанси во првиот дел, ривалот се закани два пати ама сигурен беше Лука Грчевски на нашиот гол. За нас погоди Давид Мирчевски со удар од над 20.метра, тој стрелаше за 1-0, резултат со кој се оконча и дуелот.
Вториот дел почна со гол-прилика на Ѓорѓи Влахо, кој шутна крај голот на Њу Старс. Потоа две прилики имаше Настевски Михаел кои не ги претворивме во гол. Имавме шанса за погодок и по обидот на Сулејман Качман кој шутна крај голот, убав удар со волеј имаше и Кралевски Андреј, се направи фудбалски силно ја зафати топката ама голманот беше на место. Лука Грчевски имаше исто така неколку одбрани и во овој дел.
Вардар (1) генер. 2009 лесно се справи со тимот на ФК Њу Старс 1 совладувајќи го со високи 5-0. Момците на Илија Колевски доминираа во сите аспекти на фудбалската игра на оваа средба и запишаа нови бодови во детската лига. Тие имаат перфектен старт со новиот кормилар на пролетната полусезона.
За нас на оваа средба погодија тројца играчи, двајца момции погодија по два пати во противничката мрежа на овој дуел. Станува збор за Папаливски Васе и Јаков Стојковски. Еден гол беше дело и на Павел Котески – Митроски кој погоди и минатиот дуел за својот тим.