Wednesday ,23 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Осма победа сезонава за пионерите на РК Вардар, кои славеа на гостувањето кај Аеродром
Осма победа сезонава за пионерите на РК Вардар, кои славеа на гостувањето кај Аеродром

Осма победа сезонава за пионерите на РК Вардар, кои славеа на гостувањето кај Аеродром

Пионерите на ракометниот клуб Вардар славеа вечерва на гостувањето кај Аеродром, во рамките на 12.коло од групата 1 во пионерската лига.

Го отворивме добро натпреварот кога победовме со 0:3, за домашниот тим да постигне два гола во серија и да го намали резултатот на 2:3. Беше и 3:4, но избраниците на Петковски и Бисинов имаа добри минути, кога не му дозволија на противникот да ја пробијат нивната одбрана, додека во нападот погодувавме од различни позиции. Тоа ни донесе серија од 0:5, за да поведеме со највисоки 3:9. До крајот на првиот дел, Аеродром намали на 4:9, резултат со кој се замина на одмор.

Многу бргу во вториот дел ги решивме сите дилеми околу победникот, кога стигнавме до двоцифрена предност од 5:15. Разликата во квалитет беше очигледна на страната на вардарци, а тренерот Петковски им даваше шанса за настап на сите ракометари. Најмногу што успеа да намали противникот е беше шест гола негатива (11:17), но Вардар повторно отиде на голема разлика, за на крајот да слави со конечни 13:21. Ова беше вкупно осма победа сезонава за пионерите на Вардар.

Никола Анакиевски постигна 4 голови, додека по 3 беа дело на Виктор Трифуновски и Матеј Трајановски. Мартин Сипковски, Александар Стојменов и Христијан Петковски беа стрелци на два гола, додека по еден постигнаа Ѓорѓи Спасовски, Марио Стојановски, Давид Славевски, Кирил Симоновски и Андреј Петрушевски.