Викендов, ЖРК Вардар го одигра првиот домашен дуел во Супер Лигата, ни гостуваше ЦЕМС во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје. Девојките на Симовски и Царчев триумфираа на доминантен начин со резултат 34-14. Победникот беше познат и по 30.минути ракомет кога водевме со плус десет, 18-8. Голманките на Вардар, на оваа средба имаа најдобри бројки, Јована Трајкоска имаше 7 одбрани ( 46% успешност, 7/15) и Грујовска Симона имаше исто така 7 одбрани (54%, 7/13) покрај тоа имаа фатено и по еден пенал, 6 гола на дуелот постигна Мирјана Петковска.