Младинците на РК Пелистер денес ја пречекаа екипата на РК Вардар во Салата „Боро Чурлевски“ во дуел од младинската Група-1. Кадетите на црвено-црните предводени од Будимир и Станковски дојдоа до гостинска победа со многу борба и пожртвуваност. Ние победивме со три гола на овој меч, односно со резултат 18-21.
Првиот дел започна со наша почетна предност на почетокот од овој дуел во Битола со еден гол,1-2. Домаќинот врза три гола во серија и направи пресврт поведувајќи со 4-2. Веднаш изедначивме на 4-4, па од тука се до крајот на првиот дел постојано имаше резултатска симетрија на семафорот.Се играше борбено и цврсто, нашите црвено-црни момци одлично се носеа со предизвикот. Како и што беше поголем период нерешено во првиот дел, така и се замина на одмор со резултатска симетрија од 10-10.
Вториот дел започна како што заврши првиот, со по еден гол и ново изедначување на 11-11. Потоа момците на Будимир и Станковски влегоа во елемент. Беа далеку подобар противник, одиграа машки во одбраната и со серија 0-5 поведоа со 11-16. Сепак дојде до опуштање кое го казнија зелено-белите и успеаа да изедначат на 17-17 пред клучните, последни минути од дуелот. Сепак ние покажавме карактер и не дозволивме победата да ни биде одземена во финишот. Со серија 1-3 умешно дојдовме до триумф со резултат 18-21.
Кај нас Савревски Давид имаше шест гола, четири погодока на дуелот постигна Марио Мишевски.