Нема никаква причина за загриженост кај навивачите на Вардар, по вчерашниот натпревар. Во последната минута од натпреварот со Пик Сегед, нашиот чувар на мрежата Штербик со поткривнување ја напушти играта. Како што велат нашите информации само моментална болка здобиена од удар во тетивата, беше причина херојот на овој дуел да излезе од теренот. Овој меч, Шпанскиот репрезентативец го заврши со 15 успешни интервенции и повторно беше личноста број еден кај нашиот шампион.
Неговата голманска замена на овој дуел , Страхиња Милиќ по подолг период застана на нашиот гол. Доби можност да влезе во последната минута, освен тоа на два пати од седум метри беше поуспешен од Деан Бомбач.