Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2005 со една нога е во финалето од Купот, висока победа со 0-3 в гости кај Шкендија

ФК Вардар генер.2005 со една нога е во финалето од Купот, висока победа со 0-3 в гости кај Шкендија

54353471_1275282859286161_5722536115051692032_n

ФК Вардар односно неговата генерација родени 2005 денес во рамки на полуфиналето од Купот на Република Македонија гостуваа во Тетово кај екипата на Шкендија. Момците на Зоран Петковски уште во првиот дуел од двомечот “најавија“ финале со високата победа од 0-3 на гостински терен.

Дуелот го започнавме со овој состав: Илиевски, Ристовски, Јакимовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Гаштаров, Лефковски, Кулуковски, Таневски и Цветков. Играа уште: Коловски, Антевски,  Сековски, Галевски, Уневски и Калановски.

Оваа победа беше “одмазда“ за противникот кој не совлада викендов на истиот терен со 2-1, но денес ние почнавме мотивирано и имавме поставено цел. Па така почетната иницијатива брзо донесе плод, поведовме во 19.минута со голот на Величковски Никола. Успеавме само десет минути потоа и да ја удвоиме предноста со голот на Јовановски Филип. Со неговиот гол поведовме со 2-0,  резултат со кој се замина на одмор на оваа средба.

Вториот дел во овој прв натпревар од Купот на Република Македонија го започнавме исто така со одлична игра. Имавме голема предност која ја браневме со игра пред противничкиот казнен простор. Нововлезениот Сековски Дарко во 73.минута успеа да погоди и за високи 0-3. Со овој резултат победивме на оваа средба со што речиси го “визиравме“ големото финале во генерација родени 2005 година.