Во пресрет на завршниот турнир, вкупно осми во историјата на СЕХА-лигата, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов одговараше на прашања за официјалниот канал на СЕХА. На прашањето која е неговата најдрага титула, Стоилов истакна дека тоа е од првата сезона на ова натпреварување, кога црвено-црните беа во „сенка“ на Металург и Загреб, но сепак на крајот успеаа да станат шампиони.
-Чест и задоволство е да бидеш во ТОП-4 екипи во регионот. Најдрага ми е првата титула од првата сезона на СЕХА-лигата, кога бевме тотални аутсајдери. Успеавме да ги победиме Загреб и Металург и тој трофеј ќе ми остане како најдраг. Нашиот тим го краси тимски дух и тимската игра. Цело време сме заедно и мислам дека тоа е нашата најголема сила, истакна вардаровиот капитен.
Во продолжение погледнете го целото видео.