Бразилецот во редовите на Вардар, Хуан Фелипе го посети капитенот на Македонската репрезентација, Горан Пандев.
Фелипе му го честиташе јубилејот на Пандев, од 100 натпревари во дресот на Македонија и му се заблагодари за подарениот дрес.
Вечерва, Македонија го игра првиот натпревар, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година, против селекцијата на Летонија, а Пандев ќе го има својот 100-ти настап за Македонија.