Ракометарите на Вардар си завршија голема работа уште на првиот натпревар во Загреб одигран вчера, а навивачите на “црвено – црните” имаа добра препорака по натпреварот да купат билети. За околу 15 часа по натпреварот, Вардар продаде повеќе од 500 билети, што значи дека во слободна продажба до овој момент остануваат уште само 900-тина слободни седишта.
Доколку сеуште немате набавено билети не се двоумете. Иако Вардар има огромна предност, дојдете во сала да навиваме за нашиот тим и да го прославиме влезот во 1/4 финалето.
Билети можете да набавите ТУКА.