Вардар Јуниор одлично тргна во плеј-аут сегментот, во првото коло од овој дел од Супер лигата успеа да оствари победа на гостувањето в Велес кај “фенерџијата“ во лигата, тимот на ГРК Борец. Овој викенд не очекува второто коло од плеј-аутот и во истото ние сме домаќини.
На 31.март, недела со почеток во 13-30 часот во Спортскиот центар “Јане Сандански„ во Скопје ќе ја пречекаме екипата на РК Радовиш од истоимениот град. Ние по 1.коло сме на плус пет од позицијата која води во баражот, на која се наоѓаат прилепчани, а пак имаме исто бодови со следниот ривал. Победа во овој дуел кој е еден од клучните мечеви за исчекор од дното ќе ни овозможи напредување на табелата и место зад веќе сигурно „спасените“ тимови на Охрид и Струга.