Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победничко коло во детската лига за ФК Вардар генер. 2007
Победничко коло во детската лига за ФК Вардар генер. 2007

Победничко коло во детската лига за ФК Вардар генер. 2007

Генерацијата на ФК Вардар родени 2007 година имаше победничко коло во детската лига, пред заминувањето на турнир во Бугарија. Избраниците на Филип Спасевски беа убедливи во дуелите со денешните противници.

Најпрво на теренот излезе Вардар (2) кој ја победи екипата на Форца, со конечен резултат од 3:0. Михаил Јордановски ја имаше првата голема прилика на мечот, кога после додадена топка од десната страна, Јорданоски се најде во добра прилика, но шутираше само над голот. Сепак истиов играч во следната прилика не греши, после асистенција од Блажевски, црвено-црните поведоа со 1:0, стрелец е Јордановски. Можеше лесно екипата на Форца да го израмни резултатот, но одбрани нашиот голман Даниел Исајловски, откако противникот имаше добра шанса да постигне погодок. До крајот на првиот дел немаше посериозни шанси на двете страни, па на краток одмор се замина со минимална предност на Вардар од 1:0.

Првите два удари во вториот дел беа за Мичо Поповски, кој најпрво шутира покрај голот, за во следниот обид да му одбрани противничкиот голман. Избраниците на Спасевски успеваат да го удвојат водството на 2:0, откако во листата на стрелци се ззапиша и Метар Котевски. Во следната наша акција, Поповски додаде до Стојановски, овој бие од прва со освртување, голманот одбрани, а топката заврши во корнер, што беше трет, па судијата покажа на белата точка. Главен реализатор на на пеналот беше Мичо Поповски, кој зголеми на 3:0. До крајот на мечот ќе ја одбележиме и шансата на Поповски, но одбрани голманот. Натпреварот заврши со триумф од 3:0 на Вардар.

Победа во денешното коло и за Вардар (1) кој славеше во дуелот со Нова Колонија, на овој меч триумфиравме со резултат од 7:0. Уште по првите пет минути успеавме да стигнеме до водство од 2:0. Најпрво после одлична акција на Вардар погоди Александар Грашески за предност од 1:0, додека Марко Киш беше стрелец за водство од 2:0. Во шанси се најдоа и Томовски, како и Младеновски, но во двата наврати одбрани голманот на Нова Колонија. На овој меч едноставно доминиравме во сите погледи на фудбалската игра. Противникот не се изнаигра многу, а најголемата шанса за погодок ја имаа на средината на првиот дел кога ја погодија пречката. Затоа Марко Киш со својот втор гол денес се погрижи да зголеми на 3:0, додека во листата на стрелци се запиша и Борјан Томовски, кој погоди за 4:0, после асистенција од Киш. Игравме супериорно, постојано го напаѓавме противникот гол и прашање на време беше кога ќе постигнеме нов гол. Тоа му успева на стоперот Милош Спасовски, кој со силен удар успева да зголеми на 5:0. Младеновски немаше среќа денес и ја погоди само стативата.

Брзо постигнуваме гол и во вториот дел, а прв денес за Петар Мицевски, кој со силен удар најпрво ја погоди пречката, која се одби од голманот, кој си ја внесе во голот, што значеше водство на Вардар од 6:0. Александар Грашески со нов гол денес зголеми на 7:0, додека Младеновски на два пати ја погоди пречката, по што резултатот остана непроменет. Се обиди и Битиќи, но шутира само покрај голот. На крајот триумф на Вардар од 7:0.