Вардар во овие моменти “везе” на теренот, а некаде кон крајот на 17. минута со громогласен аплауз беше поздравен и повратникот на теренот, Сергеј Горбок.
Горбок по речиси седум месеци пауза поради повреда, се врати на теренот и одигра околу 12-13 минути во нападот и постигна погодок од својот прв удар кон противничкиот гол на две секунди до крајот на првиот дел.
Му посакуваме добредојде назад на Горбок.
Инаку, во тимот е и Борозан, кој се врати исто така од повредата.