Претстојниве два дена во Брест ќе се одигра завршниот турнир на најдобрите четири екипи во СЕХА-лигата. Токму домашниот тим на Брест Мешков е противникот на црвено-црните и последната пречка кон патот до големото финале. Вардар влегува на овој Ф4 како актуелен освојувач на СЕХА-лигата и како екипа која има освоени дури четири трофеи. Кои се очекувања на капитенот Стоилов за денешното полуфинале, кое стартува од 19:00 часот.
Двете екипи ќе бидат уморни од натпреварите во Лигата на Шампионите, а ќе победи тимот кој ќе влезе со поголема мотивација и подготовка на овој меч. Се знаеме многу добро со Брест Мешков, и од мечевите во СЕХА, како и од натпреварите во Лигата на Шампионите. Сакаме да го освоиме и осмиот завршен турнир во СЕХА и дојдовме тука по петтиот трофеј. Се надевам дека можеме тоа да го сториме, но пред себе ќе го имаме тимот на Брест кој е силен противник. Не сметам дека домашниот терен им е голема предност, но ќе видиме како ќе се одвива овој натпревар.