Вардар е вториот финалист на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата, откако во квалитетен и неизвесен натпревар го победија тимот на Брест Мешков со резултат 25:23.
Вардарци одиграа супер прво полувреме и имаа предност од плус четири, но во вториот дел домаќинот се врати па дури и во некој моменти имаше предност. Сепак, поискусниот тим во последните десет минути подобро се снајде и го доби овој натпревар.
Погледнте ги најинтересните моменти од победата на Вардар:
Во големото финале со почеток од 19:00 часот ќе играме против ППД Загреб.