Вардар го победи Брест Мешков и се пласираше во големото финале на СЕХА-лигата, во кое утре за трофејот ќе игра против екипата на ППД Загреб, која во првото полуфинале беше подобра од Нексе. Ова е реприза на финалето од Ф4 турнирот минатата сезона, кога Вардар славеше во Скопје. Овие екипи изминатиов период се сретнаа и во осминафиналето од Лигата на Шампионите, така да ова ќе биде трет натпревар во низа, за краток период. Кои се очекувањата на Чупиќ и Шишкарев за финалниот дуел,
Ова ќе биде трет натпревар против Загреб за само десетина дена и дефинитивно нема да биде лесно. Сепак, ќе дадеме сѐ од себе за да ги искористиме овие 24 часа за да се подготвиме на најдобар можен начин, психички и физички за она што нè чека во големото финале, истакна Шишкарев.
За 24 часа ќе одиграме нов натпревар против Загреб и тоа по трет пат за само десет дена. Ова ќе биде вистинско финале, во кое ние ќе влеземе многу мотивирани за истото да го добиеме, додаде хрватското крило во редовите на Вардар.