Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Slider > Изјави на Парондо и играчите после големата победа: Беше тешко, но пресуди карактерот на екипата, сега е време за големото финале
Изјави на Парондо и играчите после големата победа: Беше тешко, но пресуди карактерот на екипата, сега е време за големото финале

Изјави на Парондо и играчите после големата победа: Беше тешко, но пресуди карактерот на екипата, сега е време за големото финале

Во едно тешко и неизвесно до крајот полуфинале, екипата на Вардар успеа да излезе како победник во дуелот со Брест Мешков и на тој начин да се избори за пласман во финалето. Вардар по првото полувреме се стекна со предност од четири голови (14:10), но домашниот тим во вториот дел заигра подобро и го сврти резултатот во своја корист. Сепак во последните десет минути кога се „кршеше“ резултатот како подобар и поприсебен се покажа нашиот шампион, кој успеа да слави со резултат 25:23. Што изјавија тренерот Парондо, потоа Карачиќ и Чупиќ после големата победа во полуфиналето.

-Навистина тежок натпревар тука во оваа прекрасна атмосфера во Брест. Домашната екипа не ни дозволи во второто полувреме предвреме да го решиме победникот, имаше неизвесност до последната минута, но моите играчи на крајот успеаа да излезат како победници. Би сакал да им честитам на моите играчи за оваа победа и сега е време да се насочиме кон големото финале, рече Парондо.

-Одбраната беше добра во најголем дел од натпреварот, додека во нападот беше тешко да се игра, со оглед дека Брест Мешков на моменти покажуваше груба игра. Сепак на крајот успеавме да победиме и да се пласираме во големото финале, изјави Карачиќ

-Тежок натпревар, на кој сигурен сум дека навивачите уживаа во играта на двата тима. Домаќинот беше многу мотивиран со оглед дека играше пред домашната публика, па затоа беше тешко да се игра на големо ниво во текот на целиот натпревар. Мислам дека на крајот пресуди нашето поголемо искуство и некои индивидуални потези, кои ни ја донесоа победата, истакна Чупиќ.