Вардар е победник на осмата сезона во СЕХА-лигата, откако во големото финале го победи тимот на ППД Загреб. Претходно црвено-црните во полуфиналето го совладаа домашниот тим на Брест Мешков. Медија тимот на СЕХА-лигата, после одигрување на финалето, направи избор на најдобра одбрана и акција, а истите им припаднаа на вардаровите играчи. Одбраната на Милосављев од седум метри кога спречи удар на Мандиќ, како и контрата на Дибиров се најдоа во изборот.
Погледнете ги видеата, со најдобрата одбрана и акција во големото финале.