Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > Slider > Што изјавија Парондо, Столе, Карачиќ и Милосављев после победата во големото финале
Што изјавија Парондо, Столе, Карачиќ и Милосављев после победата во големото финале

Што изјавија Парондо, Столе, Карачиќ и Милосављев после победата во големото финале

Вардар уште еднаш покажа дека е најдобрата екипа на Балканот, откако успеа да биде победник на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Вардарци повторно се покажаа како најсилни во моментите кога е најмногу потребно, повторно до израз дојде карактерот на тимо кој е составен од квалитетни играчи, кои се родени за големи достигнувања. Огромно е задоволството од вардаровиот табор за освоениот трофеј, изминативе два дена за Вардар беа многу исцрпувачки, но сепак на крајот ја остваривме посакуваната цел и го донесовме трофејот во Скопје. Прочитајте ги впечатоците од победата во финалето:

Сите сили ги истрошивме на овој завршен турнир. Не сакам да зборувам многу за натпреварот, бидејќи сето тоа е зад нас, би сакал да се фокусирам на моите играчи и да им се заблагодарам за сето она што го правеа во текот на сезоната, и покрај сите повреди и проблеми, истакна Гарсија Парондо.

Би сакал да им честитам на моите соиграчи за големата борба која ја прикажаа. Морам да бидам искрен и да кажам дека можеби имавме среќа на крајот, бидејќи Загреб сериозно го загрози нашето водство во последните минути од дуелот.  Би сакал оваа победа и трофеј да ги посветам на нашиот соиграч, Кристијан Дисингер, кој претрпе лоша повреда во текот на мечот, рече Стојанче Стоилов.

Чуството да се биде уште еднаш шампион е навистина одлично. Од самиот почеток на постоењето на СЕХА-лигата сум тука и се надевам дека ова нема биде мојот последен трофеј во ова натпреварување. Ова е неверојатно искуство за мене, иако го напуштам Вардар на крајот од сезоната, сакам да се збогувам од клубот со уште некоја титула. Сега е време да се одмориме и да се подготвиме на најдобар можен начин за она што нè чека во Лигата на шампионите, изјави Карачиќ.

Големо финале и одлично чуство да се биде шампион во СЕХА-лигата. Имавме некои падови во играта во второто полувреме, кога Загреб намали на само еден гол разлика. Сепак на крајот бевме присебни и успеавме да славиме, прокоментира Дејан Милосављев.