Иако не се повеќе дел од Вардар, сепак поранешните играчи не го заборавија клубот во кој ги направија најголемите успеси во својата играчка кариера.
Вардар вчера го освои својот петти трофеј во СЕХА-лигата, а честитки стигнаа од Илија Абутовиќ кој претодно четири пати се имаше радувано на трофејот од СЕХА-лигата, како и Мијајло Марсениќ кој оваа сезона е дел од тимот на Фуксе Берлин.
Тие на социјалните мрежи го поздравија успехот на Вардар.