Момците на Колев Влатко, ФК Вардар генер.2008 денес одигаа два дуела во детската лига. На терените на ФФМ во Ново Лисиче дојдовме до два триумфа во соочувањето со своите ривали.
ФК Вардар-1 го совлада Работнички со високи 12-3. Тргнавме офанзивно на почетокот и прва прилика за нас имаше Лука Трпевски. Веднаш потоа Арти Азизи стрелаше два пати. Најпрвин отвори гол за 1-0 од слободен удар,потоа со глава истиот играч зголеми на 2-0. Шанса за гол промаши Иван Ташовски, веднаш потоа Азизи умешно погоди пенал за 3-0. Противникот се закани сепак на нашиот гол две успешни интервенции имаше Дарко Јовчев, во третата прилика ривалот намали за 4-1. Ние веднаш со погодоците на Киш и Лука Трпевски се одлепивме на 4 позитива, 5-1. На сцена стапува Стефан Бранковски,со два гола зголемува на 7-1. Ние доминиравме во текот на целиот прв дел,конечниот резултат го постави капитенот Ненад Дамјановски.
Вториот дел започна како првиот дел, со наша доминација која круниса Азизи кој стрелаше за 9-1 .Дојде до мало опуштање во нашите редови,па противникот со два погодока намали на 9-3.Ние веднас тргнавме во офанзива,Стефан Марковски се обиде со удар од далечина. Мотивиранио,т Ненад Дамјаноски погоди двапати во мрежата на романтичарите. Вардарци има поголем дел од играта и во овој период. Точка на победата со удар од 20 метри стави Стефан Марковски. Со неговиот погодоч момците на Колев Влатко на оваа средба победија со 12-3.
Вардар-2 се сретна со ФК Куманово, на ова средба победивме со пресврт во вториот дел со 4-2. Противникот се закани на почетокот од дуелот, сепак на нашиот гол го имавме одличниот Дарко Јовчев. Ние тргнавме во офанзива имавме две прилики. Петар Блажевски шутна крај голот, а Марко Шотаровски не успеа да го совлада противничкиот голман. Голманот на црвено-црните, Јовчев на нашиот гол правеше чуда при противничките напади. Конечно дојде до изедначување, одлична асистенција на Петар Блажевски до Лука Трпевски кој умешно погоди за 1-1. До крајот се обидовме да поведеме, голема шанса за водство пропушти Трпевски. На одмор заминавме со нерешен резултат 1-1.
Вториот дел започна како и првиот, со шанса за Куманово која успешно ја одбрани Јовчев Дарко. Противничката иницијатива успеаа ривалите да ја крунисаат со погодок за нивно водство со 1-2. Ние се обидовме да се ослободиме од притисокот и да дојдеме до изедначување. Лука Трпевски се закани по соло продор, сепак голманот на кумановчани беше на висина на задачата. Горазд Филиповски се обиде да изедначи со удар од дистанца. Противникот се предодреди со дефанзива да ја чува предноста на оваа средба. По одлична акција изедначливме, Трпевски додаде со Стефан Бранковски кој умешно стрелаше за 2-2. Две минути потоа истиот играч, Бранковски, повторно беше најумешен по една мешаница и стрелаше за комплетен пресврт и наше водство со 3-2. Печат за победата стави од пенал Петар Блажевски со гол за 4-2. Со овој резултат се оконча дуелот.