Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Јуниор Лига“ : Победи за екипите на Урдаревски и Будимир, кај генер. 2006/07
„Јуниор Лига“ : Победи за екипите на Урдаревски и Будимир, кај генер. 2006/07

„Јуниор Лига“ : Победи за екипите на Урдаревски и Будимир, кај генер. 2006/07

Денес во големата сала на С.Ц. Јане Сандански се одиграа нови натпревари во ракометната „Јуниор Лига“. На програмата беа и два меча кај генерацијата родени 2006/07, по еден во машка и женска конкуренција.

Во машкиот дел се сретнаа екипите на Карпош и Урдаревски, меч кој им припадна на Урдаревски кои славеа со резултат 21:26. Се играше гол за гол се до резултат 4:4, кога екипата од Скопје со мини серија од два погодоци за прв пат поведе со два гола разлика (4:6). Истава позитива ја имаа уште во неколку наврати, кога резултатот на семафорот беше (5:7, 6:8, 7:9), за серијата на Урдаревски да продолжи и до 7:11, најголемо водство за нив во текот на првото полувреме. Успеаа со истава разлика од четири гола да заминат и на полувреме, кога резултатот беше 9:13.

2 3

На стартот на вториот дел поведе екипата на Урдаревски со резултат 9:14, но кумановчани се вратија во игра кога го намалија резултатот на 12:15. Гледавме добри периоди и на двете екипи, повторно екипата од Скопје имаше пет гола предност (14:19), за Карпош да смали пак до три гола негатива (16:19). Сепак Урдаревски не дозволи реултатска неизвесност, се одлепи на нови пет гола разлика, за на крајот да слави со резултат 21:26.

На вториот меч во истава генерција, но во женскиот дел силите ги одмерија екипите на Будимир и Драчево, поуспешни беа избраничките на Андријана Будимир кои славеа со резултат од 12:5. Екипата на Будимир уште на стартот од мечот најави триумф кога имаше водство од 4:0, додека на полувреме резултатот беше 5:2.

Првиот гол во вториот дел го постигна екипата на Драчево за да намали на 5:3, но избраничките на Будмир направија серија од 8:3 и стигнаа до највисоката предност, која беше доволна да имаат мирна завршница. На крајот триумфот беше и многу поубедлив, изразен со резултат 12:5.