Денес својот 16-ти роденден го прославува пикерот на женскиот ракометен клуб Вардар, Ивана Џатевска. Станува збор за играч кој се одликува со голема цврстина во дуелите, девојка која оваа полусезона често играше повредена сепак тоа не ја спречуваше и даваше максимум за тимот. Талентот кај неа е повеќе од очигледен, тимски играч со “храбро срце“, безкропулозен борец во одбраната и немилосрден стрелец во офанзивата. Покрај ова таа е член на младинската репрезентација на Македонија каде исто така е столб на одбраната на црвено-жолтата селекција. Честитки за роденденот и упатуваме на Џатевска од редакцијата на Вардар Фанс.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЏАТЕ!