Вуко Борозан и дефинитивно нема да биде во комбинација за дуелите со Пик Сегед, а веројатно и до крајот на сезоната.
Како што дознава ,,Вардар Фанс”, Борозан не испочитувал неколку одлуки на клубот, па токму затоа и ,,пукнала тиквата” на релација играч-управа.
Ова неиграње на Борозан доаѓа во незгоден момент, ако се земе во предвид дека ниту Дисингер нема да настапи поради повреда.
Во овој момент на левата бековска позиција останува само Горбок, кој ќе добива помош од Карачиќ, кој може да одигра солидно и како лев бек.