До убедлива победа во денешното коло од регионалната-скопска лига стигна генерацијата на ФК Вардар родени 2005 година, која ја совлада екипата на Македонија Ѓ.П. Мечот кој се одигра на теренот на Академијата го добија нашите млади надежи со резултат од 13:0.
Тренерот Петковски стартуваше со следниве 11-сетмина: Филевски, Ристовски, Сековски, Величковски (c), Гаштаров, Лефковски, Кулуковски, Таневски, Цветков, Галевски, Коловски.
Голеадата во противничката мрежа ја започна Никола Величковски кој го отвори резултатот за водство од 1:0 во 7 минута на мечот. Вториот гол падна после пет минути а истиот беше дело на Матеј Гаштаров. Разликата во квалитет беше огромна на страната на Вардар, уште пред стартот на дуелот и бевме големи фаворити за освојување на бодовите. После три минути игра, односно во 15.минута од мечот го зголемуваме резултатот на 3:0 со погодокот на Дарко Сековски. Нов играч кај Вардар се запиша во листата на стрелци, се играше 20. минута од мечот кога гостинската мрежа ја погоди и Горјан Цветков за водство од 4:0. Резултат од 5:0 по првото полувреме го постави Стефан Ристовски кој погоди во 35 минута од дуелот.
И во вториот дел се играше најчесто на противничката половина, црвено-црните продолжија во исто темпо и постигнаа нови осум голови. Нововлезениот играч во второто полувреме, Филип Јовановски успеа да погоди во 47 минута и да ни донесе предност од 6:0. Само една минута подоцна, односно во следниот напад во листата на стрелци се запиша нов играч, и тоа повторно играч кој влезе во вториот дел, се работи за Никола Уневски кој зголеми на 7:0. Продолжи трендот на нови играчи кои успеаа да постигнат гол, а следниот за резултат 8:0 беше дело на Тино Спасиќ во 52 минута. Филип Јовановски е играчот кој успева прв да стигне до два погодоци и двата во вториот дел, кога зголеми на 9:0 во 60 минута. После пет минути падна и нов гол во мрежата на Ѓорче, истиот беше дело на Стефан Коловски за предност од 10:0. До крајот на дуелот постигнавме уште три гола, истите ги постигнаа Кристијан Антевски, Тино Спасиќ и Филип Јовановски, за кој ова беше хет-трик.
Вардар и после ова коло ќе остане на врвот на табелата, пред овој меч имавме еден бод повеќе и меч помалку за одигрување од екипата на Кул, која се наоѓа на втората позиција.