Пред почетокот на велигденските празници ќе се одигра новото, петто коло во плеј-аут сегментот од машката ракометна Супер лига. Во истото црвено-црните надежи, од младот сениорски тим на Вардар Јуниор ќе ја пречекаат екипата на РК Охрид 2013.
Натпреварот ќе се игра во четврток, на 25.април со почеток во 16 часот и 30 минути во нашиот дом, Спортски центар “Јане Сандански“ (мала сала). За делители на правдата се делегирани Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје. Вардарци одлично играат во плеј-аут сегментот и веќе се на плус осум од 5.позиција која носи во баражот за опстанок.