Во еден одличен натпревар попалднево, Вардар се враќа од Чаир со еден бод. Нашиот тим на два пати имаше негатива на дуелот, но два пати бргу се врати благодарение на головите на Жуниор во првиот дел и фантастичниот на Мицевски од слободен удар во финишот од мечот.
По првиот дел резулатот на Чаир беше 1:1. Домаќините уште во 4.минута можеа да дојдат до предност и рано отварање на дуелот но за среќа на Вардар, по една грешка на Гачевски, Ангелов од само неколку метри биеше покрај голот и пропадна оваа 100% шанса за гол. За првиот гол на дуелот се чекаше до 32. минута. По нафрлањето од левата страна, Сержо Жуниор со глава ефектно од десеттина метри стрела под гредата од голот на Вардар за 1:0. По голот на домаќинот Вардар тргна по изедначување. Не се чекаше многу за тоа, веќе во 43. минута црвено – црните израмнија преку Реис Жуниор на 1:1. По нафрлуњето од левата страна, Жуниор со глава од само неколку метри сместува ефектно под гредата од голот на домашните за повторен егал на резултат по 45. минути.
Во вториот дел и двете екипи имаа свој шанси за постигнување на нов гол, односно доаѓање во водство. Вардар се обидуваше воглавно преку прекини да го загрози голот на противникот, а домаќинот преку центаршутеви кон високите свои играчи. Се чекаше се до 67. минута за да влезе во игра Фелипе на местото на Ибиши. И по влегувањето на Фелипе во игра, Вардар не направи некоја посериозна шанса за целосен престврт. Во 80. минута со голот на Муарем Бајрами директно од слободен удар, домаќинот дојде до ново водство. И повторно Вардар бргу израмни, овој пат преку Дарко Мицевски и тоа со фантастичен гол од слободен удар од 22-23 метри за 2:2. Штета, во 91. минута Фелипе со одличен удар од 20-сетина метри биеше само во пречката од голот на домаќинот. Со резултат 2:2 заврши овој дерби дуел.