Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите иако водеа, на крајот го загубија натпреварот против А. Пандев

Кадетите иако водеа, на крајот го загубија натпреварот против А. Пандев

Во рамките на 7 првенствено коло, кадетите на Фк Вардар доживеаа пораз на гостувањето во Струмица. Академија Пандев со гол во последните минути успеаа да ги освои трите бода од овој дуел. Конечниот резултат гласеше 2:1. Блажен Тодоров беше стрелец на единствениот погодок за нашите кадети.

-А. Пандев со пресврт во вториот дел ги победи кадетите на Вардар. Иако имавме предност по првото полувреме со голот на Тодорв сепак не успеавме истата да ја зачуваме во продолжение од натпреварот.

Во вториот дел, домаќинот на овој меч најпрво успеаа да го израмни резултатот на 1:1. Потоа следуваше израмнета игра на двете страни, претежно се играше на средината на теренот. Двете екипи имаа неколку прилики за гол, но недовлни да се затресе мрежата. Кога сите помислија дека со нерешен резултат ќе заврши мечот, при една акција на Струмичани беше досуден удар од белата точка за противникот. А. Пандев успешно го реализираа за водсво од 2:1, што беше конечен резултат на овој натпревар. Ова е втор пораз за оваа генерација, која има и четири победи.

Фк Вардар (кадети) : Зибери, Пирков, Тасевски, Серафимов, Тодоров, Скендерски, Спироски, Менкиноски, Трајчевски, Маркоски и Петревски.

Фото: ТК Медиа