Вардар ќе добие големо засилување на завршниот турнир во Келн. На својот инстаграм профил, Кристијан Дисингер напиша: Фајналорот може да дојде, едвај чекам да играм во Германија“
Дисингер доби непријатна победа во големото финале на СЕХА-лигата, во кое Вардар успеа да го победи ППД Загреб и од тој меч германецот не заигра повторно.
Иако требаше да оди на операција, Дисингер се предомисли, ќе чека да заврши сезоната, а на Вардар ќе му помогне на Ф4 турнирот во Келн.
Ова е добра вест за Вардар и тренерот Парондо, со оглед дека немаме простор за ротација на бековските позиции, сиот товар во 1/4 финалето против Пик Сегед, беше на Карачиќ, Скубе и Кристопанс, па сигурни сме дека со враќањето на Дисингер би добиле поголема свежина, како во нападот, така и во одбраната.