Вчера во финалето на 27. Куп на Македонија нашите ракометари загубија дури по изведување на пенали од Металург, 32-33 (29-29, 16-12). По пауза од пет години преодниот пехар заминува од СЦ „Јане Сандански”. Црвено-црните остануваа најуспешна машка екипа со 13 Куп трофеи.
Во пенал серијата, првите два удари на Чупиќ и Дибиров беа сопрени од противничкиот голман Дупјачанец. Потоа Карачиќ погоди, а Милосавњев гоодбрани пеналот на Пучник. Решавачкиот пенал го релаизираше Танкоски, со што Металург славеше со 33-32. Видео извештај од овој натпревар кој ви го овозможува нашиот медиски партнерSport.Video Macedonia може да погледнете ОВДЕ