Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > Slider > Гласајте за Кристопанс, во изборот за влез во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ
Гласајте за Кристопанс, во изборот за влез во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ

Гласајте за Кристопанс, во изборот за влез во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ

ЕХФ ги објави играчите кои ќе конкурираат за најдобри на своите позиции, односно кои ќе се најдат во идеалниот тим на Лигата на Шампионите, кој ќе биде објавен пред почетокот на завршниот турнир во Келн.

За најдобар на позицијата десен бек, се најде и играч од редовите на Вардар, се работи за Даинис Кристопанс. Летонецот игра одлична сезона во црвено-црниот дрес и е најдобар стрелец на својот тим во Лигата на Шампионите. Негови конкуренти на оваа позиција сe Алекс Душебаев ( Киелце), Ласло Наѓ (Веспрем), Недим Ремил (ПСЖ) и Дика Мем ( Барселона).

За првпат, гласањето ќе се одвива исклучиво преку новата смартфон апликација VELUX EHF FINAL4. Апликацијата може да се преземе на iOS или Android.

Изборот за најдобри на позицијата десно крило, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.

За Даинис Кристопанс можете да гласате на линкот, ТУКА.