Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Лука Јаневски е “новиот Мутибариќ“
Лука Јаневски е “новиот Мутибариќ“

Лука Јаневски е “новиот Мутибариќ“

Дали е на повидок заменикот на легендарните Драган и Слободан Мутибариќ, оставаме времето да покаже. Лука Јаневски има само осум години и според мислењето на многумина тренери во младинските категории, се смета за новиот“ Мутибариќ. Веќе три месеци тренира во фудбалскиот клуб Вардар и подеднакво настапува за генерациите “2006“ и “2007“ кои се натпреваруваат во детската лига. Интересно е што ова младо момче започнува да тренира како фудбалер во екипата на Форца. Дури и на неговиот татко му станува нејасно, кога еден ден малиот Лука се одлучува да продолжи како голман. Неговите родители ја поддржуваат оваа негова одлука и му посветуваат целосно внимание.

Тренерот на голманите во младинските категории во Вардар, Слободан Мутибариќ има можност да го гледа на тренинг во неговиот поранешен тим-Форца. Популарниот Муто го препознава неговиот голем потенцијал и се решава да го донесе во црвено-црното семејство. Никако не погрешува во неговата одлука, за неполни три месеци Лука остави голем впечаток во Вардар. Во првите натпревари на детската лига, ова момче го покажува својот блесок на голманската позиција. Викендов беше најзаслужен што неговата генерација “2007“ не прими погодок од противничката екипа. На неговите потези не остануваа рамнодушни присутните гледачи, кои со големо воодушевување ја проследуваат секоја негова одбрана.

vardarfans tekst luka noviot mutibarik

Неговите тренери Игoр Кралевски и Томче Трајановски имаат само пофални зборови за младиот Лука, велат најверојатно се роди новиот Мутибариќ. Самиот Мутибариќ кажува, ги цитираме неговите зборови “ Како што се Меси и Роналдо големи играчи, така Лука е голем голман, пред кој претстои блескава кариера“ . Одамна ме нема импресионирано некој како Лука, вели популарниот Муто.

Кралевски кој ја предводи генерација “2006“ има можност и задоволство да работи со него. На нашето прашање каков голман е Лука и кое е неговото мислење, тој вели:

-Лука го земам да брани за мојата генерација, иако е роден “2007“ затоа што располага со одлични квалитети. Пред се се работи за голем професионалец, неприкосновен за одбрани на високи топки, иако на таа возраст за другите деца е голем проблем. Секоја негова реакција е навремена и правилна, неверојатно но вистиното од страна тоа изгледа многу лесно. Во детската лига можеш да го забележиш и како последен играч во одбраната. Располага со извонредни рефлекси, кои ретко можат да се видат на таа возраст кај други голмани. Воодушевени сме сите од него и му посакуваме и предвидуваме голема кариера. Со два збора ќе кажам, тој е одличен голман, рече Кралевски.

Секако тој има само осум години и допрва треба да се развива во голем професионалец. Има можност да работи со Слободан Мутибариќ, кој не се сомневаме дека ќе му го покаже вистинскиот првец и ќе го научи со големо срце да ги брани црвено-црните бои.

Звонко Ивановски