Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Објавен списокот за мечот против Ц. Гора, на него се најдоа и шест “Вардарки“

Објавен списокот за мечот против Ц. Гора, на него се најдоа и шест “Вардарки“

Селекторот на сениорската репрезентација, Симе Симовски го објави списокот на 16-те ракометарки на кои ќе смета за претстојниот квалификациски меч против Ц.Гора, во рамките на ЕП кое во 2016 година ќе се одигра во Шведска.

На овој список се наоѓаат шест ракометарки, кои доаѓаат од редовите на Вардар. Тоа се Драгана Петковска, Сара Ристовска, Ангела Тодоровска, Симона Стојановска, Теодора Керамичиева и Сара Митова. Од поширокиот список, отпаднаа младата Нина Ладева и Наташа Нолевска.

Натпреварот со Црна Гора ќе се одигра утре со почеток од 19:30 часот, во градот Бар. Кај Црнагорките ќе недостасува Јованка Радичевиќ, додека во составот ќе биде Андреа Кликовац. Веќе во сабота ја пречекуваме селекцијата на Хрватска, за која ќе настапи Андреа Пенезиќ.